За нас

За нас
Партнер во развојот на вашиот бизнис.
Градиме успешни брендови преку прецизна финансиска анализа и стратешки решенија.
Секој голем бренд започнува со стабилна основа. Ние не сме само ваши сметководители – ние сме ваши партнери кои ви помагаат да донесете правилни одлуки, да ги оптимизирате трошоците и да го развиете вашиот бизнис со целосна самодоверба.
Закажете бесплатна консултација !

Индивидуален пристап за секој клиент
Во светот на бизнисот, не постои еднострано решение. Затоа, ние детално ги разгледуваме специфичните потреби на секоја компанија. Заедно со вас договараме јасен опсег на услуги и транспарентна комуникација, без скриени трошоци и комплицирани процедури. Вашата сигурност е наш приоритет.
Image

Consalta

      Нудиме услуги од областа на сметководството, даночни услуги за правни и физички лица, пресметка на плата, административни и консултантски услуги, контрола на различни активности, регистрација на фирми и сѐ што е потребно за вашиот бизнис. Мотивот кој не движи се нашите долгогодишни задоволни клиенти, а постојаниот раст ви го должиме вам. Довербата која ни ја давате ни овозможуваат и ние да растеме заедно со вас. Професионалниот пристап, достапноста, техничката поддршка и непосредноста се фактори кои ни овозможија да имаме одлична долгогодишна соработка со клиентите.

      На своите клиенти им гарантираме брза и навремена услуга со висок квалитет. Услуги во согласност со важечките законски регулативи и строго почитување на етичките правила, дискреција, консултантска поддршка во решавањето на вашите деловни проблеми и пристап до вашите сметководствени документи во секое време.

     Поседуваме лиценца за вршење на сметководствени работи издадена од Институтот на Сметководители и Овластени Сметководители на Република Македонија. 

Услуги 

Комплетна поддршка за вашиот бизнис
Сметководствени и финансиски решенија прилагодени за микро и мали компании.
  • Водење сметководство: Комплетно и навремено евидентирање на ситеваши финансиски трансакции согласно законските регулативи.
  • Пресметка на плати: Професионална и точна обработка на плати, придонеси и персонални даноци за вашите вработени.
  • ДДВ и даночно советување: Легално оптимизирање на даночните обврски и сигурност при секоја даночна пријава.
  • Финансиски анализи: Длабински преглед на вашите приходи и трошоци кој ви помага да го зголемите профитот.
  • Административни задачи: Преземање на секојдневната бирократија за вие да можете да се фокусирате на растот на бизнисот.

Поддршка за стартапи (Startups & Entrepreneurs)
Од идеја до успешна компанија
Специјализирана поддршка за новоосновани фирми и претприемачи.
Започнувањето сопствен бизнис е возбудливо, но и предизвикувачки. За да не се изгубите во административните лавиринти, нудиме целосно менторство и поддршка за стартапи. Ве водиме чекор по чекор – од регистрација до поставување на првите финансиски процес.